5 Тогаш Мојсеј и проговори на заедницата: „Господ нареди да се направи ова.”
6 Потоа Мојсеј ги изведе Арона и неговите синови и ги изми со вода.
7 Го облече во облека, го препаша со појас, го наметна со наметка и му стави ефод (наплеќник). Потоа го опаша со ткаенината на наплеќникот и со неа го пристегна наплеќникот до него.
8 Му стави врзградник, а во врзградникот ги вметна Уримот и Тумимот.
9 На главата му сложи митра (капа), а однапред на капата закачи златна плочичка - свет венец - како што Господ му нареди на Мојсеја.
10 Потоа Мојсеј го зеде маслото за помазание и ги помаза Шаторот на средбата и сè што е во него, за да ги освети.
11 Седумпати го попрска со него жртвеникот па ги помаза жртвеникот и сиот негов прибор, мијалникот со неговото подножје, за да ги освети.