1 Штом на мојата душа животот и се смачи; нека потече слободно мојата тажачка, ќе зборувам со горчината на својата душа.
2 Ќе Му речам на Бога: „Не ме осудувај!” Кажи ми зошто се препираш со мене?
3 Па што имаш од тоа да ме угнетуваш, да го зафрлиш делото на Своите раце, да им помагаш на намерите на нечесните?
4 Дали се во Тебе телесни очи? Зар Ти гледаш како што гледа човекот?
5 Зар Твоите денови се како деновите на смртникот, а Твоите години како човечкиот век?
6 Заради што ја истражуваш мојата вина, и сакаш да ги разоткриеш моите гревови,
7 кога знаеш добро дека сум невин, дека не можам да и избегам на Твојата рака?