Јов 41 MKB

1 Зар ловиш левијатан (крокодил, морско чудовиште) со јадица? Зар ќе му го зауздаш јазикот со јаже?

2 Можеш ли да му ги прободеш носалките со трска, или да му ја пробиеш вилицата со кука?

3 Дали ќе те заколнува за милост? Дали ќе разговара благо со тебе?

4 И зар ќе склучи тој сојуз со тебе, за да ти биде слуга цел живот?

5 Можеш ли да се поиграш со него како со птица и да го врзеш, за да ги развеселиш ќерките?

6 Дали ќе се спогодуваат за него рибарите? Дали ќе го поделат трговците меѓу себе?

7 Можеш ли да му ја издупчиш кожата со копје, или да му ја пробиеш главата со сулици?

8 Крени ја својата рака на него: Подготви се за бој - ќе ти биде последен!

9 Напразно е да се негува надеж во него, човекот загинува веќе на неговиот поглед.

10 Нема јунак да го раздразни него, кој ќе му се спротиви во лице,

11 Кој ќе се судри со него и да остане жив? Нема таков човек под небесата.

12 Нема да ги премолчам неговите членови, ни големата сила, ни убавината ни ставата.

13 Кој смее да му ја соблече облеката, кој ли ќе проникне низ неговиот двоен оклоп?

14 Кој ќе му ги отвори двокрилните челусти кога стравот владее околу неговите заби?

15 Грбникот му е од лушпести штитови, запечатени со каменен печат.

16 Се прилепија едни до други така, што ни здив не минува меѓу нив.

17 Толку цврсто се залепени заедно: доближени сосема, не можат да се раздвојат

18 Кога ќе кивне, светлина блеска од него, очите му се како зорините веѓи.

19 Од неговата уста горат гламни, огнени искри се истуруваат од нив.

20 Дим излегува од неговите носалки, како од котел што врие врз оган.

21 Неговиот здив би запалил јаглења, зашто од неговата уста излегуваат пламени.

22 Во вратот му лежи сета негова сила, а пред него се простира ужас.

23 Кога ќе се исправи, затреперуваат брановите и се повлекуваат кон морската шир.

24 Срцето му е тврдо како пештера, отпорно како мелничен камен.

25 Свивањата на месото му се зарастени, цврсти се како да се слеани.

26 Ако го погоди меч, се одбива од него, исто и копјето, сулицата и стрелата.

27 Железото е како сламка за него, бронзата како гнило дрво.

28 Тој не се повлекува пред стрелите од лакот, камењата од каменофрлачот паѓаат како плева врз него.

29 Боздоганот е како сламче за него, му се смее на копјето кога, ќе засвири над него.

30 Остри черепници има на мевот и со нив ја оре тињата како со брана.

31 Под него водовртежот зоврува како грнец, го пени морето како мирисливото масло во котел.

32 Тој остава светла бразда зад себе, бело руно ја покрива бездната.

33 Не суштествува ништо слично на земјата, и ниту е некој толку бестрашен.

34 Тој гледа од високо и на најголемите цар му е на секого, и на најгорделивите.”

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42