Јов 17 MKB

1 „Здивот ми исчезнува, моите денови гаснат, ми останаа уште гробиштата.

2 Еве, потсмевачите ме грабнаа, од навреди не можам да затворам око.

3 Затоа заштити ме и биди ми сигурност, кога никој друг нејќе да ми удри во дланката.

4 Зашто, ги лиши од разумот нивните срца и не ќе им дозволиш да се издигнат.

5 Како тој што имотот им го дели на другарите, така гаснат очите на неговите деца.

6 На сите народи им станав за потсмев, оној - кому секој може да му плукне во лицето.

7 Од тага видот ми се помрачува во очите, моите делови на телото стануваат како сенка.

8 Заради тоа праведниците ќе се зачудат, чесните ќе избувнат против безбожниците;

9 непорочните ќе истраат во својот пат, човекот со чисти раце ќе зајакне уште повеќе.

10 Ајде, сите вие, нема ли да почнете пак, па меѓу вас не наоѓам мудар!

11 Дните поминаа, замислите пропаднаа, желбите на моето срце се изјаловија.

12 „Во најцрната ноќ, денот наближува; веќе е близу светлината до темнината.”

13 А мене ми е надеж да отидам во гробот и да си постелам легло во темнина.

14 Извикав кон распадливоста: „Ти си мој татко!” и кон црвите: „Вие сте ми мајка и сестра!”

15 Ама каде има уште надеж за мене? Кој ќе ја види мојата среќа некогаш?

16 Таа ќе слезе со мене во гробот, да се одмориме заедно во правот.”

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42