1 Тогаш Валдад од Шуах проговори и рече:
2 „Господството и стравот се во Неговата рака и Тој создава мир во Своите висини.
3 Зар можат да бидат изброени Неговите чети и врз кого не изгрева Неговата светлина?
4 Па како може човек да биде праведен пред Бога, и родениот од жена, како може да биде чист?
5 Ете, и месечината ја губи својата светлина пред Него, за Неговите очи ѕвездите не се чисти.
6 Што да се рече тогаш за човекот, за тој црвец, за човечкиот син - бедно црвче?”