Јов 35 MKB

1 Елиу ја продолжи својата беседа и рече:

2 „Зар ти мислиш да го браниш своето право, да ја докажуваш праведноста пред Бога,

3 кога Му велиш: „Зошто ти е важно тоа, ако грешам, што Ти чинам со тоа?”

4 Јас ќе ти одговорам тебе, на сè тоа, и на твоите пријатели едновремено.

5 Погледни на небото и набљудувај! Гледај ги облаците: повисоки се од тебе!

6 Ако грешиш, што направи против Него, што Му зададе со своите престапи?

7 Ако си прав, зошто дојде при Него и што добива Тој од твојата рака?

8 Твојата нечесност ги повредува сличните на тебе, и твојата правда му ползува на човекот.

9 Но кога стенкаат под тешкиот јарем, кога викаат заради насилството на моќните,

10 никој не вели: „Каде е Бог, мојот Творец, Кој ја исполнува ноќта со весела песна.

11 Нè прави поумни од земните ѕверови и помудри од небесните птици?”

12 Тогаш викаат, но Тој не одговара заради гордоста на злосторниците.

13 Но колку е суетно да се тврди дека Бог не ги слуша нивните викови, дека Сèдржителот не свртува поглед на нив!

14 А камоли кога ти велиш допрва: „Тој не ме гледа, мојата парница стои пред Него, а јас уште чекам на неа.”

15 Или: „Неговата лутина не казнува, тој воопшто не се грижи за престапите.”

16 Тогаш Јов напразно ја отвора устата и натрупува неразумни беседи.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42