Јов 26 MKB

1 Јов проговори и рече:

2 „Колку добро знаеш да му помогнеш на немоќниот и да ја потпреш изнемоштената мишка!

3 Колку добар совет му даваш на неукиот; навистина покажа преголема мудрост.

4 Кому му ги упати овие зборови и кој дух зборуваше од тебе?”

5 Мртвите пред Бога, треперат долу под земјата, морските води се тресат и нивните чудовишта.

6 Пред Неговото око Шеолот зее откриен, и бездната на смртта нема превез на себе.

7 Тој го оптегнува Северот врз празнината, Тој ја држи земјата, необесена на ништо.

8 Тој ја затворува водата во Своите облаци, но облаците не се скинуваат под неа.

9 Тој го покрива полното лице на месечината, простирајќи го Својот облак врз него.

10 Тој и постави меѓи на водата, каде прекратува светлината и темнините почнуваат.

11 На небесниот свод се потресуваат столбовите и премираат од страв, кога Тој се заканува.

12 Тој го скроти морето со Својата сила и го сотре со мудрост чудовиштето Рахав.

13 Со својот Дух ги украси небесата, а Неговата рака ја прободе брзата змија.

14 Сè тоа е само дел од Неговите дела, од кои ние за Него слушаме слабо. Но кој може да го сфати громот на Неговата сила?”

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42