10 Не ме излеа ли мене како млеко, и направи да се потсирам како сирење?
11 Ме облече со кожа и месо, ме сплете со коски и жили.
12 Со милост ми го подари животот, внимателно бдееше над мојот здив.
13 Но во Своето срце го скри ова, знам дека тоа беше Твој наум:
14 да внимаваш будно дали ќе згрешам и да не ми помине гревот без казна.
15 Ако сум грешен, тогаш тешко мене, ако сум прав, главата не смеам да ја поткренам - полн со срам, напоен со несреќа!
16 Ако се исправам, ме гониш како лав, ја испитуваш Својата сила на мене,