17 нови оптужби подигаш против мене, пламнуваш со поголем гнев на мене и војни, едни по други, ме напаѓаат.
18 Зошто ме извади од утробата? О зошто не умрев: не ќе ме видеа,
19 ќе бев како и да не сум бил, од утробата би ме ставиле в гроб.
20 Дните на мојот живот се толку кратки! Остави ме да здивнам уште малку,
21 пред да тргнам на пат без враќање, во земјата на темнината, земјата на смртната сенка,
22 во земјата на густата темнина и метеж, каде што светлината е слична на најцрната ноќ. „