4 Дали се во Тебе телесни очи? Зар Ти гледаш како што гледа човекот?
5 Зар Твоите денови се како деновите на смртникот, а Твоите години како човечкиот век?
6 Заради што ја истражуваш мојата вина, и сакаш да ги разоткриеш моите гревови,
7 кога знаеш добро дека сум невин, дека не можам да и избегам на Твојата рака?
8 Твоите раце ме обликуваа, ме создадоа совршено, зошто сега пак да ме сосипеш?
9 Спомни си, ме создаде како глина и ќе ме вратиш повторно во прав.
10 Не ме излеа ли мене како млеко, и направи да се потсирам како сирење?