7 кога знаеш добро дека сум невин, дека не можам да и избегам на Твојата рака?
8 Твоите раце ме обликуваа, ме создадоа совршено, зошто сега пак да ме сосипеш?
9 Спомни си, ме создаде како глина и ќе ме вратиш повторно во прав.
10 Не ме излеа ли мене како млеко, и направи да се потсирам како сирење?
11 Ме облече со кожа и месо, ме сплете со коски и жили.
12 Со милост ми го подари животот, внимателно бдееше над мојот здив.
13 Но во Своето срце го скри ова, знам дека тоа беше Твој наум: