11 Зар со увото ние не ја распознаваме беседата како што со јазикот го испитуваме вкусот на јадењето?
12 Седите коси му донесуваат мудрост на човекот, а со долгиот век му доаѓа умноста.
13 Но во Него е мудроста и силата, во Него се советот и сета разумност.
14 Што ќе разурне, никој не ќе го изгради, кого ќе го затвори, никој не го ослободува.
15 Ако ја задржи водата, постанува суша, ако ја пушти, целата земја ја избуричкува.
16 Зашто во Него се силата и сета мудрост, Негови се измамениот и измамникот.
17 Тој ги лишува советниците од разум, умните судии ги прави глупави.