17 Тој ги лишува советниците од разум, умните судии ги прави глупави.
18 Тој го распашува појасот на царевите и со јаже им го врзува бедрото.
19 Тој ги тера првенците боси и ги симнува од власт силниците.
20 Тој го одзема зборот од устата на зборливите и од старците вистинското расудување.
21 Тој излева презир врз првенците и ги распашува бедрата на јунаците.
22 Тој ги открива темнините на длабочините и смртната сенка ја изведува на светлина.
23 Тој го издига народот, па го уништува, го умножува, а потоа го искоренува.