2 „Навистина, вие сте само луѓе, мудроста ќе изумре со вас.
3 Но и јас знам да мислам како и вас, во ништо не сум полош од вас: кој не знае за такви работи?
4 Им станав потсмев на моите пријатели, зашто го повикувам Бога да ми одговори! Јас сум за потсмев: непорочниот праведник!
5 Тој кој е близу да се клизне со нозете, е како презрен светилник во мислите на оној кој живее спокојно.
6 Дотогаш се во мир шаторите на грабачите, предизвикувачите на Бога живеат безгрижно, зашто Бог ги снабдува со Својата рака!
7 Но, прашај ги животните, и ќе те поучат; прашај ги небесните птици, и ќе ти објаснат.
8 Земните гуштери ќе ти го протолкуваат тоа, рибите во морето ќе ти раскажат.