5 Тој кој е близу да се клизне со нозете, е како презрен светилник во мислите на оној кој живее спокојно.
6 Дотогаш се во мир шаторите на грабачите, предизвикувачите на Бога живеат безгрижно, зашто Бог ги снабдува со Својата рака!
7 Но, прашај ги животните, и ќе те поучат; прашај ги небесните птици, и ќе ти објаснат.
8 Земните гуштери ќе ти го протолкуваат тоа, рибите во морето ќе ти раскажат.
9 Од создавањето на светот, кој од нив не знае, дека Божјата рака го создаде сè тоа.
10 Во неговата рака лежи животот на секое суштество и животворниот здив на секое човечко тело.
11 Зар со увото ние не ја распознаваме беседата како што со јазикот го испитуваме вкусот на јадењето?