16 А сега дебнеш над секој мој чекор, не сакаш да ми простиш ниеден грев,
17 го запечати мојот престап во вреќа и ја криеш сета моја вина.
18 Навистина! Како што еднаш се урна планината, како што стената се одмести од своето место,
19 како што водата со време, го рони каменот, а поројниот дожд со буица ја испира сета земја, така ја уништуваш надежта во човекот.
20 Го притеснуваш - тој си оди засекогаш со изменето лице, го испраќаш.
21 Му ги почитуваат децата - за тоа ништо не знае; ако се презрени не размислува за тоа.
22 Тој единствено страда заради своето тело, тој единствено тагува заради својот живот.”