4 Кој ќе извлече чисто од нечисто? Никој!
5 Зашто неговите денови се доброени, од Тебе зависи бројот на неговите месеци, кога му поставуваш непреминлива граница.
6 Симни го од него погледот за да може да почине, како наемникот што го довршува својот ден.
7 Па ни на дрвото не му пропадна сета надеж, пресечено, тоа пак раззеленува и нови младици никнуваат од него.
8 Ако неговиот корен и остарее во земјата, ако неговата пенушка се исуши во прав,
9 штом ќе почувствува вода, тоа ќе распапи и ќе пушти гранки како ново стебло.
10 Но кога човекот умре, останува покосен, кога смртникот издивне, каде е тој тогаш?