6 Симни го од него погледот за да може да почине, како наемникот што го довршува својот ден.
7 Па ни на дрвото не му пропадна сета надеж, пресечено, тоа пак раззеленува и нови младици никнуваат од него.
8 Ако неговиот корен и остарее во земјата, ако неговата пенушка се исуши во прав,
9 штом ќе почувствува вода, тоа ќе распапи и ќе пушти гранки како ново стебло.
10 Но кога човекот умре, останува покосен, кога смртникот издивне, каде е тој тогаш?
11 Сета вода од морето може да испари, и да секнат реките, да пресушат сосем,
12 но човекот кога ќе легне, не станува веќе, додека се небесата, не ќе се крене.