7 Па ни на дрвото не му пропадна сета надеж, пресечено, тоа пак раззеленува и нови младици никнуваат од него.
8 Ако неговиот корен и остарее во земјата, ако неговата пенушка се исуши во прав,
9 штом ќе почувствува вода, тоа ќе распапи и ќе пушти гранки како ново стебло.
10 Но кога човекот умре, останува покосен, кога смртникот издивне, каде е тој тогаш?
11 Сета вода од морето може да испари, и да секнат реките, да пресушат сосем,
12 но човекот кога ќе легне, не станува веќе, додека се небесата, не ќе се крене.
13 О, кога би сакал да ме скриеш во Шеолот, да ме засолниш додека не Ти помине гневот, да ми определиш рок, кога ќе си спомниш за мене!