2 „Колку се наслушав такви беседи, сите вие сте ми мачни тешители!
3 Има ли крај на тие празни зборови? Што те осмелува да ми одговараш така?
4 И јас би можел да зборувам како вас, да беше вашата душа на место на мојата; и јас би можел да ве затрупам со зборови и да мрднам со главата така над вашата судбина;
5 и јас би можел да ве охрабрувам со устата, и не би го жалел трудот на своите усни.
6 Но, ако говорам, страдањето не се ублажува, ако ли замолчам, зар ќе ме одмине?
7 Сега злопакоста ме умори сосем, цела толпа се нафрли врз мене.
8 Стана да сведочи против мене и во моето лице фрла клевети.