5 и јас би можел да ве охрабрувам со устата, и не би го жалел трудот на своите усни.
6 Но, ако говорам, страдањето не се ублажува, ако ли замолчам, зар ќе ме одмине?
7 Сега злопакоста ме умори сосем, цела толпа се нафрли врз мене.
8 Стана да сведочи против мене и во моето лице фрла клевети.
9 Со својот гнев ме распарчува и гони, чкртајќи со забите се нафрла врз мене. Моите противници ме сечат со очите,
10 заканувајќи се, ја отвораат устата против мене, ме удираат срамно по образите, тогаш сите, се нафрлуваат на мене.
11 Да, Бог ме предаде на неправедните, Тој ме фрли во рацете на опаките.