11 Неговиот гнев се распали против мене, и ме смета за Свој непријател.
12 Неговите чети пристигаат во боен ред, насипуваат патишта против мене, го опколуваат мојот шатор отсекаде.
13 Браќата се оддалечија од мене, моите познати се оттуѓија.
14 Ги снема моите ближни и познати, ме заборавија гостите на мојот дом.
15 На своите слугинки им сум како странец, непознат сум во нивните очи.
16 Го повикувам слугата, а тој не одговара, треба да го заколнувам за милост.
17 Моите воздишки станаа одвратни на мојата жена, гнасен сум им на децата на сопствената утроба.