13 Браќата се оддалечија од мене, моите познати се оттуѓија.
14 Ги снема моите ближни и познати, ме заборавија гостите на мојот дом.
15 На своите слугинки им сум како странец, непознат сум во нивните очи.
16 Го повикувам слугата, а тој не одговара, треба да го заколнувам за милост.
17 Моите воздишки станаа одвратни на мојата жена, гнасен сум им на децата на сопствената утроба.
18 И на малите деца им служам за презир, ако станам, ми се криват.
19 Им станав омразен на најблиските пријатели, против мене се оние кои ги љубев.