17 Моите воздишки станаа одвратни на мојата жена, гнасен сум им на децата на сопствената утроба.
18 И на малите деца им служам за презир, ако станам, ми се криват.
19 Им станав омразен на најблиските пријатели, против мене се оние кои ги љубев.
20 Коските ми се прилепени за кожата и телото, и ми остана само кожа околу забите.
21 Смилувајте ми се, пријатели мои, зашто Божјата рака ме удри.
22 Зошто ме гоните како Самиот Бог, зар не се наситивте со моето тело?
23 О кога би биле запишани моите зборови и кога би биле нацртани во книга;