2 „Па, до кога ќе ја измачувате мојата душа, до кога ќе ме сотирате со зборови?
3 Веќе десетпати ме укоривте, и не ви е срам дека ме измачувате.
4 Па ако навистина застранив, мојата заблуда останува со мене.
5 Мислите ли дека ме победивте и дека ја докажавте мојата вина?
6 Знајте: Бог ме притисна мене и Тој ме стегна со својата мрежа.
7 Викам: „Насилство!” - нема одговор молам покорно - ама нема правда за мене.
8 Ми го загради патот од сите страни, ги завитка во темнина сите мои патеки.