21 Смилувајте ми се, пријатели мои, зашто Божјата рака ме удри.
22 Зошто ме гоните како Самиот Бог, зар не се наситивте со моето тело?
23 О кога би биле запишани моите зборови и кога би биле нацртани во книга;
24 да можат да бидат издлабени, со железно длето и олово, во карпа, за вечен спомен.
25 Јас знам добро: мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата.
26 А кога мојата кожа се раскине, тогаш знам, во своето тело ќе го видам Бога.
27 Јас ќе го гледам Него како свој, моите очи ќе го гледат, а не некој друг: моето срце во градите, копнее по Него.