24 да можат да бидат издлабени, со железно длето и олово, во карпа, за вечен спомен.
25 Јас знам добро: мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата.
26 А кога мојата кожа се раскине, тогаш знам, во своето тело ќе го видам Бога.
27 Јас ќе го гледам Него како свој, моите очи ќе го гледат, а не некој друг: моето срце во градите, копнее по Него.
28 Кога ќе речете: „Како ќе го гониме? Која причина ќе ја најдеме кога коренот се наоѓа во него?”
29 Бојте се тогаш од меч мечот е казна за грев. Тогаш ќе сознаете дека има суд!”