7 Викам: „Насилство!” - нема одговор молам покорно - ама нема правда за мене.
8 Ми го загради патот од сите страни, ги завитка во темнина сите мои патеки.
9 Ја соблече од мене мојата слава, го симна венецот од мојата глава.
10 Ме потсечува одсекаде и исчезнувам; ми ја откорна надежта, како дрво.
11 Неговиот гнев се распали против мене, и ме смета за Свој непријател.
12 Неговите чети пристигаат во боен ред, насипуваат патишта против мене, го опколуваат мојот шатор отсекаде.
13 Браќата се оддалечија од мене, моите познати се оттуѓија.