1 Тогаш Софар Нааматецот проговори и рече:
2 „Мислите ме тераат да ти одговорам, и затоа во мене врие тоа возбудување,
3 додека ги слушам укорите што ме срамат, но мојот дух на разумот веќе ќе најде умен одговор.
4 Зар тебе не ти е познато од старо време, од кога е поставен човекот на земјата,
5 дека е кратковремена радоста на нечесниот, дека среќата на безбожникот поминува како миг?
6 Макар со растот да порасте и до небото, а неговата глава да допре до облаците,
7 тој исчезнува засекогаш како призрак. Кои го видоа велат: „Каде е сега тој?”