10 Бедните ќе ги гонат неговите деца: со своите раце ќе си го вратат имотот.
11 Неговите коски беа бујни со младост, ете, тие лежат во правот.
12 Злото и беше слатко на неговата уста, па го криеше под својот јазик;
13 се насладуваше внимавајќи да не го голтне, и го задржуваше под своето непце.
14 Но таа храна му гние во утробата, змиски отров станува во цревата.
15 Проголтаното богатство треба да го изблува. Бог ќе го истера од неговата утроба.
16 Цицаше отров од змиска глава: сега умира од јазикот на отровницата.