15 Проголтаното богатство треба да го изблува. Бог ќе го истера од неговата утроба.
16 Цицаше отров од змиска глава: сега умира од јазикот на отровницата.
17 Тој веќе нема да гледа потоци со масло, ниту ќе види како мед и млеко течат по реката.
18 Ќе ја врати печалбата, без да вкуси од неа, нема да ужива во плодот на трговијата.
19 Зашто сиромаштијата ја тапчеше и ја угнетуваше, одземаше куќи што не ги изградил,
20 зашто немаше крај на неговото лакомство, неговите богатства нема да го избават.
21 Зашто неговата ненаситност не поштедуваше ништо, ни неговата среќа не ќе трае долго.