22 Среде изобилството ќе се најде во тешка состојба, бедата ќе се нафрли врз него со сета сила.
23 И додека го полни со храна својот желудник, Бог ќе ја пушти на него јароста на Својот гнев, ќе истури дожд врз него додека сè уште јаде.
24 Ако и му избега на железното оружје, бронзен лак ќе го прониже со стрела.
25 Ќе ја извлечеше стрелата, но таа му ги проби плеќите, а блескавиот врв стрчи од неговата жолчка, каде и да тргне, го дебнат трепети,
26 Сите темнини го чекаат молкум него. Го уништува оган, незапален од некого, и голта сè под неговиот шатор.
27 Ете, небото го открива неговото беззаконие и сета земја се крева против него.
28 Богатството на домот ќе му исчезне, ќе го расфрлат во денот на Божјиот гнев.