24 Ако и му избега на железното оружје, бронзен лак ќе го прониже со стрела.
25 Ќе ја извлечеше стрелата, но таа му ги проби плеќите, а блескавиот врв стрчи од неговата жолчка, каде и да тргне, го дебнат трепети,
26 Сите темнини го чекаат молкум него. Го уништува оган, незапален од некого, и голта сè под неговиот шатор.
27 Ете, небото го открива неговото беззаконие и сета земја се крева против него.
28 Богатството на домот ќе му исчезне, ќе го расфрлат во денот на Божјиот гнев.
29 Бог им приготвува таква судбина на злосторниците и Тој му досудува такво наследство.”