6 Макар со растот да порасте и до небото, а неговата глава да допре до облаците,
7 тој исчезнува засекогаш како призрак. Кои го видоа велат: „Каде е сега тој?”
8 Тој се расплинува како сон без трага, исчезнува како ноќен привид.
9 Ниедно око нема веќе да го гледа, ниту неговото место ќе го види.
10 Бедните ќе ги гонат неговите деца: со своите раце ќе си го вратат имотот.
11 Неговите коски беа бујни со младост, ете, тие лежат во правот.
12 Злото и беше слатко на неговата уста, па го криеше под својот јазик;