1 Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече:
2 „Зар човек може да Му биде полезен на Бога? Па кој е мудар, може да биде полезен на себеси.
3 Зар е милост за Семоќниот ако си праведен, и зар има полза ако си непорочен?
4 Или те кара заради твојата побожност и затоа сака да се суди со тебе?