12 Зар Бог не е во небесната висина и зар Тој не им го гледа темето на ѕвездите?
13 Но ти велиш: „Што може Бог да знае? Зар може да суди низ темен облак?
14 Облаците го засолнуваат неговиот поглед, и Тој оди по сводот на небесниот круг.”
15 Имаш ли намера да се држиш до стариот пат, по кој одеа неправедните луѓе?
16 Тие исчезнаа пред време, пороите им ги однесоа основите.
17 Му зборуваа на Бога: „Остави нè нас! што може Сèдржителот да ни стори?”
18 А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене.