15 Имаш ли намера да се држиш до стариот пат, по кој одеа неправедните луѓе?
16 Тие исчезнаа пред време, пороите им ги однесоа основите.
17 Му зборуваа на Бога: „Остави нè нас! што може Сèдржителот да ни стори?”
18 А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене.
19 Праведниците гледаат и се радуваат непорочните им се потсмевнуваат:
20 „Ете, пропаднаа нашите противници, она што остана од нив, огнот им го проголта!”
21 Спријатели се ти и смири се со Бога, и пак ќе ти биде вратено доброто.