18 А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене.
19 Праведниците гледаат и се радуваат непорочните им се потсмевнуваат:
20 „Ете, пропаднаа нашите противници, она што остана од нив, огнот им го проголта!”
21 Спријатели се ти и смири се со Бога, и пак ќе ти биде вратено доброто.
22 Впрочем, прифати го законот од Неговата уста, посади го Неговото слово во своето срце.
23 Ако се вратиш покаен кон Семоќниот, ќе бидеш утврден наново; и ако ја отстраниш неправдата од својот шатор.
24 Тогаш ќе го отфрлиш златото во прав и офирското злато меѓу поточните камчиња.