25 Семоќниот ќе стане твое чисто злато, Тој ќе биде светливо сребро за тебе.
26 Да, Сèдржителот ќе биде твоја радост, и ќе го издигаш лицето кон Бога.
27 Ќе Му се молиш, и ќе те послуша, ќе ги исполниш своите ветувања.
28 Што и да преземеш, сè ќе ти успее, и светлина ќе ги осветлува твоите патишта.
29 Зашто, Тој ја понижува гордоста на гордите, додека им притекнува на помош на оние, што имаа смирени очи.
30 Тој го избавува невиниот од неволја, и тебе ќе те спаси чистотата на твоите раце.”