5 Не е ли тоа заради твојата преголема злоба и заради беззаконијата, на кои не им има број?
6 Земаше залози од браќата за ништо, соблекуваше облеки од голи луѓе.
7 Ти не го напои со вода жедниот, им го скратуваше лебот на гладните;
8 на силниот човек ти му даваше земја, и угледниот се насели на неа.
9 Ти ги пушташе вдовиците без ништо а сирачињата ги оставаше со празни раце.
10 Ете, зашто те обиколуваат сега стапиците, зашто те измачуваат ненадејни стравови.
11 Светлината ти стана мрак, и ништо не гледаш, длабоки води те потопија тебе.