10 Засечува премини низ камен, неговото око забележува сè скапоцено.
11 Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело.
12 Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот?
13 Човекот не знае нејзиниот цена, не ја открија во земјата на живите.
14 Бездната зборува: „Ја нема во мене!” А морето: „Не се наоѓа кај мене!”
15 Не може да биде купена со чисто злато, ниту да се измери со сребро нејзината цена.
16 Не се мери таа со офирско злато, ни со скапиот оникс па ни со сафир.