2 Железната руда се вади од земјата, а од камена рудница се топи бакар.
3 Луѓето и поставуваат граница на темнината и копаат до најголемите длабочини, по камен закопан во мрак.
4 Далеку во туѓина длаби ровови, до кои не допира човечката нога, виси, нишајќи се, далеку од луѓето.
5 Крилото на земјата, од кое ни никнува лебот, сето е раскопано како од оган.
6 Нејзините карпи се сокровиште на сафир, златен прав се крие во нив.
7 Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува.
8 Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив.