21 Скриена е за очите на сите живи, таа им избегнува на небесните птици.
22 Пеколната пропаст и смртта изјавуваат: „Ние само чувме за нејзината слава.”
23 Единствено Господ го разбира нејзиниот пат, единствено Тој знае каде се наоѓа.
24 Зашто со поглед ги опфаќа границите на земјата и забележува сè под небесниот свод.
25 Кога сакаше да му одреди тежина на ветерот и со мерилка да ја измери сета вода,
26 кога му наметна закони на дождот и патишта на громовните облаци,
27 тогаш ја виде и ја измери, ја зацврсти и ја испита до дното.