23 Единствено Господ го разбира нејзиниот пат, единствено Тој знае каде се наоѓа.
24 Зашто со поглед ги опфаќа границите на земјата и забележува сè под небесниот свод.
25 Кога сакаше да му одреди тежина на ветерот и со мерилка да ја измери сета вода,
26 кога му наметна закони на дождот и патишта на громовните облаци,
27 тогаш ја виде и ја измери, ја зацврсти и ја испита до дното.
28 А потоа му рече на човекот: „Стравот од Господа - ете што е мудрост, „Отстранувај се од злото” - тоа ти е разумност.”