7 Грабливите птици не ги знаат тие патишта, соколовото око не ги забележува.
8 Дивите ѕверови не стапнаа на нив, ниту пак некогаш лавот помина по нив.
9 Но човек крева рака против каменот, и ги превртува планините од корен.
10 Засечува премини низ камен, неговото око забележува сè скапоцено.
11 Тој го запира текот на водните жили; засолнати работи изнесува на видело.
12 Но, од каде ни доаѓа Мудроста? Во кое место престојува Разумот?
13 Човекот не знае нејзиниот цена, не ја открија во земјата на живите.