1 Јов ја продолжи својата беседа и рече:
2 „О да можам да ги проживеам минатите месеци, оние денови кога Бог бдееше над мене.
3 Кога Неговиот светилник светеше над мојата глава, а Неговата светлина ме водеше низ темнината,
4 како во годините на мојата зрелост, кога Божјата добрина беше над мојот дом.