1 Јов ја продолжи својата беседа и рече:
2 „О да можам да ги проживеам минатите месеци, оние денови кога Бог бдееше над мене.
3 Кога Неговиот светилник светеше над мојата глава, а Неговата светлина ме водеше низ темнината,
4 како во годините на мојата зрелост, кога Божјата добрина беше над мојот дом.
5 Кога Сèдржителот уште беше со мене и моите деца ме опкружуваа,
6 кога моите нозе ги миев во млеко, а мојот камен излеваше потоци масло!