11 Секој што ме слушаше, ме наречуваше блажен, ме фалеше окото, што ќе ме видеше.
12 Зашто, го избавував бедниот кога викаше и сиракот оставен без помош.
13 Благословот на изгубените беше врз мене, јас му ја враќав веселбата на срцето на вдовицата.
14 Се облекував во правдата како со облека, беспристрасноста ми беше наметка и венец.
15 Бев очи на слепиот и бев нозе на хромиот.
16 Татко на бедните, застапник на странците.
17 Го разгледував внимателно делото на непознатиот, му ги кршев челустите на беззаконикот, го истргував пленот од неговите заби.