15 Бев очи на слепиот и бев нозе на хромиот.
16 Татко на бедните, застапник на странците.
17 Го разгледував внимателно делото на непознатиот, му ги кршев челустите на беззаконикот, го истргував пленот од неговите заби.
18 Велев: „Ќе издивнам во своето гнездо, како палма, проживувајќи безбројни денови.”
19 Моите корења се простираат до водата, росата почива на моите гранки.
20 Мојата слава ќе се подмладува секогаш, и лакот ќе се обновува во мојата рака.
21 Слушаа желно што ќе им кажам, и молчеа за да чујат совет од мене.