21 Слушаа желно што ќе им кажам, и молчеа за да чујат совет од мене.
22 Ништо не додаваа на моите зборови, и моите беседи капеа како дожд врз нив.
23 Тие копнееја по мене како по дожд, отвораа уста како за летен пороен дожд.
24 Мојата насмевка им беше охрабрување; внимаваа на ведроста на моето лице.
25 Јас им ги избирав патиштата, јас ги предводував како поглавар, како цар кога е среде своите чети, како оној кој ги теши јадосаните.